Кола падна во езерото утрово на Кејот Македонија во Охрид. Според првичните информации на дописникот на САКАМДАКАЖАМ.МК нема повредени.

Полицијата е на местото на несреќата. На кејот има и повеќе минувачи на кои не им е јасно како колата со охридски регостарски таблички се нашла в езеро.

Најверојатно возачот изгубил контрола оти колата е падната на местото каде што улицата Јане Сандански се спојува со кејот.

Истрагата е во тек.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here