Додека изминатите месеци тајно зад паравани од платно се градеше, денеска од сите страни на градот јасно се гледа изграденото нелегално минаре на Алипашината џамија. Според неофицијални информации градежните активности се при крај а најавите се дека џамијата ќе биде пуштена во употреба на Рамазан Бајрам со низа свечености.Денешната слика повторно ги активираше членовите на здружението Совест кои велат Институциите по неброен пат потфрлија и дозволија дивоградба да ја нарушува визурата на централното градско јадро. Охриѓани се измамени и разочарани потенцираат од здружението.

„Еве и ние од Совест, додека си чека да не (не) покани за да се реши проблемот, додека неповратно го губиме статусот на Заштита од Унеско, јавно го покануваме Zoran Zaev да дојде со бомбонера на легализирање и отворање на дивоградбата Алипашина џамија со минаре најголемо и доминантно во цел Охрид, да му порачаме да нема гајле Охрид си стана Исламабад на балканот и стана најголема атракција и приказ како со дијалог, а не со закон за сите се решаваат проблемите на религиите..

Сега заради повеќегодишната толеранција на безаконието од сите влади ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО@ СДСМ Централен штаб, ќе има мораториум на донесување планови на цело подрачје на град Охрид каде наместо тој мораториум да важи за централно градско подрачје и крајбрежието кое е во таа заштитена зона, истиот ќе важи за “будали” луѓе кои веќе почитувале закони и си чекале дозволи за градба, а во меѓувреме куќите им станале трошни и подложни на рушење па сега нека пропаднат сосе куќите нека ги снема најдобро зошто верувале во закони и правда. Разочарани и превеслани ве поздравуваат Охриѓани!!!“ – вели Воскресија Боева член на ,,СОВЕСТ.”

Алипашината џамија и нејзината нелегална градба освен на граѓаните е меѓу главните забелешки и на УНЕСКО, а екологистите информираат дека токму минарето ќе се најде на дискусија на седницата во Баку кога впрочем ќе се одлучува и дали Охрид ќе остане заштитено или ќе добие нов епитет загрозено културно наследство.

За оваа тема се кршат копја цели три години уште од од 2016 та година кога активистите алармираа за плановите на ИВЗ и за тоа дека објектот е уште од сам старт е дивоградба која прекршува низа закони,но освен Јавното обивнителство кое поднесе кривични пријави против инвеститорот досега немаше ниту една реакција од институциите надлежни за стопирање на градбата. Граѓаните обвинуваат дека власта се испазарила за џамијата а излегоа и на протест кој за жал повторно наиде на индиферентност од институциите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here