Преговори со ЕУ нема, Заев ќе застане ли еднаш на зборот што го ветил?!

Во продожение, во целост ќе ја пренесиме неговата изјава дадена пред месец јуни …

Реконструкцијата на владата зависи од добивањето датум за преговори со Европската Унија. Премиерот Зоран Заев вели дека ако летово односно јуни или јули нема датум за преговори, сите опции се отворени. Заев е оптимист, но не ја исклучува можноста за враќање на мандатот, па и избори.

“Доколу има одложување на датумот сите опции се отворени. Еден чекор е целосно нова влада, втор е избори и трет одговорност иако вината не ја гледаме овде бидејки се направивме” – рече Заев.

Заев ја предупреди Европската Унија дека, доколку земјава не добие датум за преговори, ќе биде доведено во прашање натамошното опстојување на оваа Влада, не е блеф.

Еден дел од таа логика е едноставен: ако ја нема „големата приказна“ на практичните процеси за реформско евро-интегрирање, овдешниот владејачки коалициски „лепак“ не може веќе да ги издржи сите противречности со кои се соочува овој владин состав во секојдневното управување со државата. Висока е и разновидна политичката цена што ја плаќа главниот коалициски партнер заради неспособноста и „лошото минато“, втиснати во партискиот ДНК, на својот јуниор-партнер во власта. Таа приказна е сто пати раскажана, со секојдневни нови продолженија на ДУИ-серијалот. На тоа се надоврзуваат и разни владејачки инсуфициенции и на самиот СДСМ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here