Според дипломатски извори од Брисел за „Танјуг“, земјите членки на ЕУ одлучија да не го ажурираат списокот, со што земјава останува се уште високо ризична, поради што граѓаните на Македонија до крајот на август нема да може да патуваат во земјите од Европската унија.
На листата на ЕУ нема безбедни земји од Западен Балкан бидејќи генералниот став на амбасадорите на ЕУ е дека епидемилошката состојба во овој регион е се уште лоша, па само ја потврдија претходната одлука.
Инаку, поради колективниот одмор на администрацијата на ЕУ, листата нема да се ревидира во текот на август, но дури и тогаш може да не се дозволи влез на жители од одредени земји доколку има влошување на епидемиолошката состојба со корона вирусо. Засега во ЕУ мпже да патуваат граѓани од Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тунис и Уругвај.