„Штипска пастрамајлијада“ и оваа година ќе ја “красат” ѕвезди од соседството!

Неофицијално, како познати звучни имиња кои ќе настапат на сцена ќе бидат Жељко Јоксимовиќ, Саша Ковачевиќ, Тропико Бенд и Даниела Мартиновиќ.

Во претходните години доминираа турбо-фолк ѕвезди, како и истакната актерка од порно индустријата, позната како “Севе”, а според најавите, овој тренд на донесување големи ѕвезди особено од Србија продолжува и во 2019-та.

Би било добро да се потсетиме, Жељко Јоксимовиќ во Штип свој концерт имаше во 2014-та, Ковачевиќ веќе е познат по неколку свои настапи, додека пак Торпико Бенд често ги гледавме во дискотеките на Штип и Македонија, познати по тоа што нудат 3 свои авторски песни и 103 песни од други пејачи, што би значело дека немаат никаква автентичност.

Најавените изведувачи се веќе видени и чуени, па затоа и прашуваме, дали вреди давање на нови астрономски суми?

Музиката во Македонија оди кон дно, затоа и апелираме, ДА – за промоција на македонски изведувачи, НЕ за поддршка на “певалки” од соседството.
Предлог за македонски музички артисти: Владимир Четкар, штипјанецот Виктор Ангелов, чија верзија на Деспасито, Луис Фонси ја прогласи за најдобра во светски рамки, Влатко Стефановски, Каролина Гочева или бендот на “Нокаут”.

Доколку организаторите бескрајно посакуваат ѕвезди да се појават на сцената на „Штипска пастрамајлијада“, тогаш ги препорачуваме:
Тина Тарнер, Селин Дион, Ријана, Ариана Гранде, Шакира, Џенифер Лопез, Мадона, Ед Ширан, Шон Мендес, Луис Фонси, Елтон Џон, Сем Смит или било кој друг познат интерпретатор од светската музичка сцена.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here