УЕФА веќе го одредила календарот за доигрување на сезоната 19/20 и познати се термините кога ќе се одиграат натпреварите до крајот на натпреварувачката кампања.

Елитните купови не смеат да останат на оваа фаза бидејќи во таков случај би биле загубени околу 900 милиони евра. Претседателот на Лион, Жан Мишел Ола вчера објави дека натпреварот на неговиот тим против Јувентус ќе се игра на 7 август, а за истиот ден е закажан и мечот меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид.

Следниот ден ќе се сретнат Баерн-Челси и Барселона-Наполи со што ќе почне пеколниот распоред. Четвртфиналните дуели се на програмата од 11 до 15 август, полуфиналните од 18 до 22 август, а финалето во Истанбул е на 29 август.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here