Пикот на ковид-19 за некое чудо се појавува пред православни обележја и празници во Македонија.
Граѓаните се незадоволни и револтирани од новите мерки на Владата, едноствано не можат да се помират со фактот дека заради нефункционалноста на институциите, цената ја плаќаат тие!
Не е прифатливо да се каже дека народот е крив заради новиот пик, доколку имало такви граѓани кои не ги почитувале мерките, тогаш истите требало да бидат санкционирани, а доколку не биле казнети, тогаш тој пропуст се препишува на надлежните и институациите, а не на целиот народ.
“Во периодот од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до понеделник (8 јуни) до 05:00 часот, се забранува посета на гробиштата на територијата на цела држава, освен во случај на погреби”, изјави на прес-конференцијата министерот за здравство Венко Филипче.