Едногодишната Софија Маркулјевиќ боледува од ретка болест на ‘рбетната мускуларна атрофија и има потреба од операција во САД. Потребни се 2,1 милиони американски долари за третман, па затоа се собира помош за семејството.

Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери во светот, се приклучи на акцијата за собирање помош за болно девојче од Србија.

Затоа Роналдо го донираше дресот на Јувентус што го носеше на натпреварот против Милан во октомври 2018 година на аукцијата . Тој постигна гол во него, а натпреварот заврши 2:0. Аукцијата за дресот на Португалецот трае уште 23 дена, а моменталната цена е 4.590 евра.

Овој гест на напаѓачот на Јувентус ја воодушеви Србија и веста за тоа може да се најде на многу од локалните портали.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here