Кристијано Роналдо синоќа постигна хет-трик за Португалија во победата против Швајцарија од 3-1, па така обезбеди финале во Лигата на Нации.

Португалецот веќе со години е лидер на својата репрезентација и можеби најдобар фудбалер, кој го имала Португалија во историјата.

Ѕвездата на Јувентус постигна 88 гола за репрезентацијата, а тоа значи дека дополнително ја зацврсти првата позиција кога станува збор за голови на активните фудбалери.

Зад него е Сунил Четри од Индија, кој има постигнато дури 68 гола, па потоа следуваат Лионел Меси со 65, па Нејмар, Давид Вилја, Роберт Левандовски…

НАПИШИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here