Нови „бомби“ осамнаа на Фејсбук профилот на таканаречениот Ел Чека, во кои повторно таргет се функционери на ДУИ. Во новите снимки објавувачот ги посочува Али Ахмети, Муса Џафери, Блерим Беџети, а во една од објавите се споменува и поранешната министерка Гордана Јанкуловска која наводно признава дека случајот „Сопот“ е политички монтиран процес. Освен бомбите, Ел Чека во видео снимка се обраќа и на јавноста и се заканува дека нема да престане со објавување на разговори се дури не започне меѓународна истрага за Диво Насеље.

– „Материјалите ми се од Сами Укшини (командант Соколи), Ваљон Зека и Шек Халачи кои се во затворите на Македонија. Во случај мене ми се случи нешто, одговорноста ќе биде нивна. Чекавме четири години за да има правда. Поседуваме многу видеа и нема да престанеме се дури нема истрага од меѓународната заедница“ – Ел Чека.

Од МВР велат подготвуваат кривична пријава, а во меѓувреме бараат од Фејсбук да го блокира неговиот профил, кој се уште е јавно достапен.

– „Утврдено е кој стои зад профилот на Фејсбук од каде што се пласирани овие содржини и за тоа е известено Обвинителството. Исто така, известена е социјалната мрежа Фејсбук односно надлежните во оваа компанија се известени дека се пласирани нелегални содржини преку нивниот сервис. По целосното расчистување на случајот, МВР ќе поднесе кривична пријава против сторителот и за тоа соодветно ќе ја информира јавноста.“

Ел Чека вели поседува повеќе од 6 илјади прислушувани разговори, кои ќе ги предаде на ЦИА и американската амбасада во Скопје.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here