Со 116 гласови „за“, ниту еден воздржан и ниту еден против, денеска се верификуваа мандатите на сите 120 пратеници, со што се избра новиот парламентарен состав. Во салата Голема купола на Собранието, со пеење на македонската химна, на пладне започна првата седница на новиот парламентарен состав, на која од вкупно 120, присутни беа 117 пратеници. Претседаваше спикерот во заминување, Талат Џафери, а согласно здравствените протоколи за заштита од ширење на ковид-19, пратениците носеа маски и беа на растојание еден од друг.

Штип беше претставен од пратениците Иван Јорданов, претседател на ВМРО ДПМНЕ во ОК Штип и старо-новиот пратеник и координатор на пратеничката група на ДПМНЕ, Никола Мицевски, д-р Сашо Николов од СДСМ и Борис Крмов од партијата на Левица.
Новото поглавје за штипјани значи голема надеж од новите сили кои ќе се борат за подобра иднина на Штип и Штипско, а кој што ќе понуди и реализира останува да видиме во нивниот претстоен четиригодишен мандат.

Точки на дневен ред беа: избор на претседател и на членови на верификационата комисија на Собранието, верификација на мандатите на новите пратеници, а како трета и четврта точка, избор на претседател, заменик, членови и заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието и петта точка, избор на претседател на Собранието.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here