Леброн Џејмс го надмина легендарниот Мајкл Џордан на листата на најдобрите реализатори во НБА. Ова се случи за време на натпреварот против Денвер Нагетс, кој „езерџиите“ го загубија со 99:115.

На почетокот на натпреварот, Џејмс имаше потреба од само 13 поени за да го надмине рекордот на Џордан со 32.292. Актуелната голема ѕвезда во лигата тоа го направи во втората четвртина.

Леброн доби честитки од неговите соиграчи и публиката во „Стејплс центар“за неговото извонредно достигнување.

Тој го заврши натпреварот со 31 поен, но сепак остана горчината од поразот.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=nTOSovYbB3o

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here