Ѓорѓи Николов и Џоко Шуклев во нова мисија.

Тие на својот ФБ профил објавија фотографии од Укранина, а потенцираа дека пристигнале повторно со своето епско возило Рено 4.

“Македонското знаме денеска беше развиорено на познатиот плоштад Мајдан во центарот на Киев, познат по портокаловата револуција во Украина.
Пред заминување од Киев го посетивме и манастирот Свети Михаил за бериќет пред предизвиците кои допрва следуваа.
На пат сме веќе кон братска Русија, 200 километри од граничниот премин Катериновка, од каде ќе се упатиме кон престолнината Москва за фотосесија на Црвениот плоштад. Се слушаме наскоро”!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here