Олабавување на рестрикциите за патување меѓу Бугарија, Грција и Србија ќе има од 1. јуни. Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, изјави дека веќе е договорено со Грција да се овозможат патувањата пред се заради бизнис, но и заради хумани цели.
-Одлучивме со Грција од 1. јуни да дозволиме патување за луѓето кои патуваат заради бизнис, семејни или хуманитарни причини, потенцираше Борисов, наведувајќи дека сличен договор е постигнат и со соседна Србија.
Инаку, кон средината на март, кога се зголемуваше бројот на заразени со корона вирусот Бугарија, како и останатите земји во регионот ги затвори своите граници., а во земјата можеа да влегуваат одредени профили на луѓе, како што се дипломатите и оние кои се враќаа од странство.