Според новото официјално упатство, веќе нема да мора да се носат маски за лице на летовите и на аеродромите во земјите на ЕУ од следниот понеделник, 16 мај. Потегот е во согласност со менувањето на политиките за заштита од ковид-19 во јавниот транспорт низ Европа, соопшти Агенцијата за воздухопловна безбедност на ЕУ (ЕАСА).
Правилата се ублажени во земјите како Франција, Италија и Бугарија.
Од 16 мај 2022, операторите на авиони, за време на нивната комуникација пред летот, како и за време на летот, треба да продолжат да ги поттикнуваат своите патници и членови на екипажот да носат маски за лице за време на летот, како и на аеродромот, дури и кога носењето маска за лице не е потребно“, велат од ЕЦДЦ.