Kризниот штаб на Владата денеска ја разгледувал опцијата за намалување на траењето на полицискиот час, со тоа што наместо од 16 часот би почнувал од 19 часот.

За ова информираше вицепремиерот Бујар Османи на својот профил на Фејсбук.

„Денеска во Кризниот централен штаб на Владата се разговараше за барањето полицискиот час од оваа недела да биде од 19:00 до 05:00 часот“, напиша Османи.

Првиот пат кога се воведе полициски час тој почнуваше од 21 часот, но набрзо беше зголемен од 16 до 5 часот наутро.

Владата деновиве најави постепено укинување на рестриктивните мерки, но затоа, пак, како што велат оттаму, мора да се зајакнат „меките мерки“, како задолжителното носење заштитна маска или марама кога се излегува во јавност. Засега оваа обврска од утре ќе ја имаат жителите од Прилеп, Куманово и Тетово.

Од Владата најавија дека се прави план за по 1 Мај да се почне со олеснување на некои од мерките, со цел животот постепено да почне да се враќа во нормала.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here