Адеми нагласи дека законот е креиран внимателно, со интегриран сеопфатен пристап и со учество на сите засегнати чинители, со цел постигнување поквалитетен национален образовен систем.

Унапредување на наставниот процес и организацијата на наставата, зајакнување на недискриминацијата, забрана за понижувачко постапување за учениците и за вработените во училиштата, воспоставување принцип на целосна инклузија на учениците со попреченост, спречување на насилството и други девијантни појави во училиштата, елиминирање на политичките влијанија… Ова се дел од содржините на Предлог-законот за основно образование што денеска во Владата го презентира министерот за образование и наука Арбер Адеми.

Адеми нагласи дека законот е креиран внимателно, со интегриран сеопфатен пристап и со учество на сите засегнати чинители, со цел постигнување поквалитетен национален образовен систем. Целиот закон, нагласи, се темели на принципите на недискриминација по сите основи, спречување на насилството и други девијантни појави во училиштата, во воспитниот образовен процес, достапноста до услугите, вработување, кариерно вработување и престанок, ученичкото организирање… Новиот Предлог-закон е ставен за јавна расправа во наредните 20 дена кога ќе може да се доставуваат мислења, забелеши, укажувања.

– Новиот закон содржи одредби кои значат унапредување на наставниот процес и начин на организација на наставата, зајакнување на темелните уставни вредности во образовниот процес како што е недискриминацијата, забраната за понижувачко постапување за учениците и за вработените во училиштата, воспоставување принцип на целосна инклузија на учениците со попреченост преку сеопфатени систем на поддршка имајќи ги предвид индидвидувалните потреби на учениците, појасни министерот Адеми. Додаде дека се планира и професионализација на училишното раководство, елиминирање на какви било можности за политички влијанија, воспоставување систем на ученичко организирање, унапредувањена приправничкиот стаж и промена на начинот на полагање на приправничкиот испит, надворешни мерења на постигнувањата на учениците за подобрување на воспитно образовниот процес односно меѓународни и државни проверки.

Новото законско решение, истакна Адеми, не предвидува намалување на бројот на наставни денови затоа што сегашната состојба покажува дека нашите ученици до 14 години добиваат над 900 часови помалку од нивните врсници во други земји од ОЕЦД што е рамно на една и пол година образование.

– Нема намалување на бројот на часовите, но е предвидено дека веќе саботите нема да се одработуваат бидејќи тоа досега резултира како непродуктивно. Ако треба школската година ќе потрае малку подолго зависи колку денови од настава е изгубено, рече министерот за образование. Додаде дека затоа ќе се работи на тоа поквалитетно да се организира времето поминато на училиште, со содржини и можности учениците да се вклучат во поголем број практични активности.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here