“Здружението за заштита на животни – ШТИП”, речиси секој ден апелира на хуманост, свест и стоп за ваквите убиства.
Овие хорори се казниви според закон, но засега од МВР нема ниту санкции, ниту пак волја за било какво решавање на овие потресни слики низ кои секојдневно се гледаат мртви животински тела распослани низ улиците и населбите во Штип.
“Здружението за заштита на животни – ШТИП” упати свој апел до граѓаните:
“Отровени домашни миленичиња на Железничка 19. Ве молиме пазете си ги домашните и маалските миленици и отстранете ја сомнителната храна.
Монструми се шетаат меѓу нас!!
Доколку некој има точна информација околу сторителот, нека не контактира во порака”.