Македонскиот фудбалски ветеран Горан Пандев го продолжи договорот со Џенова на уште една година.
Еден од најдобрите фудбалери во нашата историја ќе ја продлабочува својата легенда во Италија и наредната сезона. Дури потоа ќе размислува за пензија, а медиумите на „чизмата“ пишуваат за неговите планови откако ќе реши да се раздели со фудбалот.
„Кориере дело Спорт“ тврди дека намерата на 35-годишникот е да стане прв човек на Фудбалската федерација на Македонија. Тоа би бил идеален чекор во животот на Пандев кој важи за еден од најголемите фудбалски амбасадори на државата.
Од 2001 година, па се до денес, македонскиот репрезентативец игра надвор од границите на Македонија. Врвот го достигна во Интер со кого освои тројна круна во 2010 година.
Покрај оваа функција, голема желба на напаѓачот е пред да замине во пензија да избори пласман на едно големо натпреварување со нашата репрезентација.