Екипи на ЈП „Водовод и канализација“ денеска го заваруваа сите шахти низ центарот на Скопје. На улица Македонија и Плоштадот Македонија се заваруваат отворени шахти, а работниците на терен ни рекоа дека тоа го прават заради посетата на папата Фрањо, кој на 7 мај ќе биде во официјална еднодневна посета на земјава.

„Заварување вршиме секоја година според програмата за работа. Се заваруваат поради скопскиот маратон и посета на ВИП личности“, велат од ЈП „Водовод и канализација“.

Папата Фрањо ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев, а ќе има и обраќање во Мозаик салата на претседателската палата.

Потоа ќе ја посети спомен-куќата на Мајка Тереза во присуство на верските лидери, а предвидено е да служи литургија на Плоштад Македонија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here