Папата Франциск е снимен како ја трга раката кога верниците се наведнуваа да го бакнат неговиот прстен. Снимката е направена за време на еднодневна посета на базиликата Лорето во близина на Анкона, на источниот брег на централна Италија.
По оваа снимка која се шири на социјалните мрежи поглаварот на Римокатоличката црква наиде на критика од конзервативните верници, кои веруваат дека папата сака да ја искорени оваа традиција во иднина.
Додека некои медиуми известуваат дека папата тој ден ги одбил сите верници кои се обиделе да го бакнат неговиот прстен, Би-би-си пишува дека сè се одиграло малку поинаку.
На снимката се гледа дека откако однесувањето на папата се променува, се променува и движењето на луѓето во редот се забрзува.
Ватикан не открива зошто Папата толку не сакаше некој да го бакне прстенот, но негов помошник, под услов за анонимност, рече: ,,Понекогаш му се допаѓа, понекогаш не. Тоа е навистина толку едноставно “.
Папскиот прстен, познат и како Рибарски прстен, е вграден во католичката традиција и е предмет на некој необичен протокол.
Кога еден папа умира, прстенот веднаш се уништува за да се осигура дека при изборот на новиот Папа никој нема да се обиде да фалсификува официјални документи.
https://www.youtube.com/watch?v=55e58LCv79c