Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива вечерва, со марш низ скопските улици, ќе го изрази својот револт за потиснување на правото на слободното гласање. Маршот, како што најавија организаторите, ќе почне во 19 часот. Членовите, симпатизерите и поддржувачите на партиите на Села и Гаши ќе тргнат од паркот во Чаир, а според маршрутата на движење, преку мостот „Гоце Делчев“ и зградата на Владата, планирано е протестната поворка да заврши пред канцеларијата на Делегацијата на Европската Унија.

„Токму пред седиштето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје – ќе биде испратена јасна порака дека една држава, која ги започнува преговорите за членство во ЕУ, не смее да дозволи дел од нејзините граѓани да бидат лишени од правото да избираат и да бидат избрани, што е основното човеково и политичко право во ЕУ“,

велат организаторите на маршот.
За да се избегне каква било можност за инфекција, присутните на маршот ќе носат заштитни маски и ќе внимаваат на одржување физичка дистанца.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here