Контроверзниот УФЦ борец, Конор Мекгрегор го шокираше спортскиот свет кога пред нешто повеќе од една недела на социјалните мрежи најави пензионирање од овој спорт.
Тогаш Ирецот на својот „Твитер“ профил напиша дека е време за пензија, но многумина неговата порака не ја сфатија со сериозност.
Сега, по само една недела од таа порака се покажа зошто спортските аналитичари не го сфатија сериозно Конор Мекгрегор.
Борецот повторно со објава на својот „Твитер“ профил најави наскоро враќање во октагонот.
– Сакам да одам напред, со моите фанови од сите вери. Сите вери не предизвикаа да бидеме најдобрите. Ова е еден свет и е еден за сите. Сега се гледаме во октагонот, -напиша Конор Мекгрегор.