Избори се ближат, “секирации” се нижат!
Во политичкиот живот на Македонија се навикнавме на “курчење” од поголемите кон помалите политички партии.
По овој повод, Петар Колев на својот Фејсбук профил даде интересна дијагноза за моменталните случувања:
Цела кампања во Охрид си ја поминувам со „друштво”. Каде и да се појавам се некои чудни луѓе, ту се сликаат, ту се снимаат.
Лошото е само што сум силен физиономист па почнаа истите „туристи“ да се повторуваат на различни места, вклучително и доцна навечер. „ДЕМОКРАТИЈА“ пуштена на најјако!
Почитувани „набљудувачи“ зад параванот ништо не се гледа, џабе ги кинете обувките трчајќи по нас!