Петиција за стопирање на изградба на паркинг над коритото на река Отиња наспроти Здравствениот дом – Штип.
Делот на коритото на река Отиња каде е планирано изградба на паркинг е можеби единствениот дел каде има доволно отворен простор за шетање и рекреација.
Со изградба на овој паркинг ќе се задуши просторот, ќе се ограничи пристапот до речното корито кое многу од граѓаните го користат за рекреација.
Од естетска гледна точка, ќе се нагрди градот и централното градско подрачје кое и така не изобилова со доволно зелени површини.
Овој простор им значи многу на луѓето кои рекреираат, луѓето со домашни миленици, луѓето кои живеат во тој дел од градот и истиот го користат секојдневно.
Почетна Настани на денот Македонија Петиција за СТОПИРАЊЕ на изградба на паркинг над коритото на река Отиња!!!