Бритнаската електро икона Кит Флинт, фронтменот на составот Продиџи од Есекс е пронајден мртов во својата куќа во раните утрински часови, пренесува The Sun.
Полицијата од утринава е во домот на познатиот музичар, а неговата смрт не се третира како сомнителна.
“За жал, кога излеговме на терен можевме само да ја констатираме смртта на 49 годишниот маж. Смртта не се третира како сомнителна, но наскоро ќе биде подготвено досие од страна на вештакот”, рекол ПР за тамошната полицијата.
Флинт беше фронтменот на Продиџи, еден од ретките состави кој успеа да постигне планетарна популарност иако доаѓа од британската рејв сцена.