Кристијано Роналдо, на 18 март и официјално ја отвори клиниката за трансплантација на коса, со што ги потврди информациите дека ќе инвестира во нов бизнис.
Во клиниката дневно ќе се извршуваат до 18 трансплатациони зафати, а просечната цена на зафатот се очекува да изнесува околу 4.000 евра.
Први од оние кои веќе ги почуствувале благодетите на новата клиника во Мадрид, се неговите соиграчи од репрезентацијата на Португалија, Жозе Босингва и Раул Меирелеш, а исто така на трансплатација на коса подлегна и поранешниот француски репрезентативец, Роберт Пирес.