Уапсен е штипјанец кој ноќва после полноќ во семејниот дом ја нападнал својата сопруга, информира МВР.
-На 14.07.2020 во 00.50 часот во СВР Штип, С.П. пријавил дека неговиот татко Г.П.(61) во семејниот дом физички ја нападнал неговата 52-годишна мајка- стои во билтенот на МВР.
Од страна на полициски службеници Г.П. бил лишен од слобода.
Се работи на расчистување на случајот, по што против Г.П. ќе биде поднесен соодветен поднесок.