Пливачкиот клуб “Челични” од Штип, најавува продолжување на победничката мисија!
На чело со Мирко Јакимовски и Методи Петров, малите маратонци со големо срце и желба го прават невозможното.
Можеби немаат идеални услови, но тие без никаков приговор и “жалење”, го вложуваат својот максимум за постигнување на врвни резултати.
Следниот предизвик на пливачкиот клуб “Челични” од Штип, е учеството на 3-от Меѓународниот Пливачки Митинг Пирин 2019 – Благоевград, Р.Бугарија.
Истиот е најавен на ден 16.03.2019, а ние ќе им посакуваме успешни трки на Смилјан, Христијан, Иван, Матеј, Антонија, Кире, Методи и Тео.
Кога желбата е над се’, а “лавовската” храброст на високо ниво, тогаш се е возможно!