Грчката телевизија Скај попладнево објави дека Македонија е на списокот со уште 18 земји чии туристи ќе бидат примани во Грција без карантин и тестирање.
Грција своите први туристи оваа година ќе ги прими од 15. јуни, а на листата на гости ќе се најдат и нашите граѓани кои што ќе можат да патуваат во оваа земја без карантин и тестирање. Македонските власти засега не донеле одлука од кога ќе ги отворат границите. Министерот Филипче вели рано е за таква одлука. Инаку од соседството тоа веќе го направија Грција, Бугарија, Романија и Србија.