Драги Ангели,

Пред нас е уште едно прекрасно доживување. После 4 години пауза, конечно вратите на #Ангелс кафе ќе бидат ширум отворени за сите љубители на убавите нешта.

Повеќе од една година се работеше на новиот проект кој нема ништо исто со ,,стариот,, #АнгелсКафе. Исто е само името на локалот и енергијата која ние ја вложувавме како во претходниот така и во овој проект.

Новиот Ангелс кафе е сосема во друг стил. Нешто како модерен клуб за сите генерации. Ќе се задржи добрата организација, одбраната музика и квалитетната услуга, почитувањето и безбедноста на гостите, но сепак на некој посмирен начин. Ќе пробаме да ги анимираме и сите оние наши сограѓани кои од разни причини не се пронаоѓаат во ни еден друг локал.

Околу проектот и изведбата на новиот Ангелс кафе, ќе дадеме неколку интересни информации од како поголем дел од Вас ќе го имаат веќе посетено локалот.

Отворањето кое го нарековме Opening Fiesta ќе биде на 28-ми Август и ќе трае 7 дена.

Ќе приметите дека на сите флаери стои SBF 6. Еве ги причините за тоа:
Summer Beach Festival се наоѓа во листата настани од значење на град Штип. Благодарејќи на Summer Beach Festival, 5 години Штип беше домаќин на многу странски и домашни ДЈ-и и гости. Сите заедно го промовиравме градот во најубаво светло.

Сакаме да го задржиме тој тренд, но во новиот локал кој е уреден со најнови модели на мебел, озвучување и светла, невозможно е повторно да се одржи оној концепт на Summer Beach Festival кој го имавме во минатото- песок, базени, пена, бои….

Затоа дојдовме на идеа, наместо Summer Beach Festival 6 (SBF 6) сега да го наречеме Summer BEST Festival 6 или #SBF6.

Ќе имаме повеќе од 20 артисти, но сега распоредени во 7 дена. Домашни и странски ДЈ-и како и неколку интересни бендови со жива свирка.

Во петок, сабота и недела работното време ќе биде до 3 часот, а останатите денови до 1 по полноќ.

Распоредот на артистите ќе биде објавен наскоро.

Влезот за малолетници на вечерните забави ќе биде забранет.

Сите останати повелете на големата #FIESTA☺.

Телефонот за резервации ќе биде отворен од 24-ти #Август.

Доволно чекавме!
#Забавата може да почне!

Еве како ќе изгледа новото руво на “Angels Cafe” …

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here