СДСМ и ДУИ постигнаа договор за коалицирање и за тоа новата Влада да ја предводи лидерот на СДСМ, Зоран Заев со мандат од четири години. Заев најави дека Владата од Пржино ќе биде укината и дека во последните 100 дена, премиер ќе предложи ДУИ.
Лидерот на интегративците првично се двоумеше да одговори на прашањата зошто не го исполни предизборното ветување, „Зошто да нема премиер Албанец со полн мандат?“. Тој подоцна рече дека неговата идеја за премиер Албанец има за цел обединување на заедниците.
„Прашањето на премиерот беше и останува порака што зближува и албанската заедница презема одговорност да има посилна и постабилна Република, со обединети граѓани. И, треба да ја поздравиме и храброста на господинот Заев каде за прв пат во оваа земја 100 дена ќе биде Албанец предложен од ДУИ за премиер на земјава “.
Тие не открија детали за поделбата на ресорите, велејќи дека имињата на новите министри ќе бидат познати откако утре ќе бидат потврдени во партиските тела. Тие само потврдија дека сегашниот претседател на Собранието, Талат Џафери, според договорот, ќе остане на чело на законодавниот дом во наредните четири години. Мандатарот Заев рече дека нема да има министри без ресори, со исклучок на вицепремиерите, најави намалување на привилегиите за функционерите, намалување за 20% на бројот на административци, систематизација на административците кои примаат плати, а седат дома, борба против корупцијата, ветинг за политичарите и чистење во судството. Тој рече дека приоритет на следната Влада ќе биде борбата против корона вирусот и економскиот развој на земјата. Дел од новата влада ќе биде и ДПА, чиј лидер, Мендух Тачи е единствениот пратеник од партијата во овој парламентарен состав