Рожер Федерер одигра уште еден брилијантен меч на Мастерсот во Мајами, но во четвртфиналната пресметка со Кевин Андерсон, придодаде и една неверојатна тениска мајсторија која ги фрли во транс сите вистински љубители на белиот спорт.
Швајцарскиот маестро продолжува да ја воодушевува јавноста иако веќе важи за тениски ветеран, а изминатава ноќ демонстрираше нестварен рефлекс со кој многу повеќе од веројатно го изрежира и поенот на годината. Федерер на двапати се враќње од загубена ситуација со движења како на октопод, а колку поенот всушност беше луд најдобро ни говори неговата насмевка на лицето, па и неверувањето за она што го направи самиот.
Инаку, Федерер го доби овој меч со 6:0 и 6:4, па доста лесно се пласираше во полуфиналето во Мајами, рунда во која ќе ги одмери силите со Денис Шаповалов.
"ARE YOU KIDDING?!"@rogerfederer is something else 🤯#MiamiOpen pic.twitter.com/5hloQqt2DT
— Tennis TV (@TennisTV) March 29, 2019