Eвропската куќа на ракометот (ЕХФ) ги објави составите на кои тренерите ќе сметаат на осминафиналниот реванш-натпревар меѓу Вардар и ППД Загреб кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“.
Во составот на „црвено-црните“ по нешто околу пола година се враќа рускиот бек Сергеј Горбок. Тој ги скина лигаментите на коленото, по што мораше да оди на операција и да мине долг рехабилитациски период.
Останатите играчи се истите од претходниот натпревар, а на списокот се наоѓа и Вуко Борозан, кој иако има мала повреда, ќе помогне, ако е потребно.
Натпреварот меѓу Вардар и ППД Загреб се игра од 19:30 часот, а реваншот треба да биде само формалност со оглед на високата победа на македонскиот тим од девет гола на првиот натпревар во Хрватска.