Наскоро ќе треба да заплови бродот Титаник II , односно копија на оригиналниот брод што потона пред повеќе од еден век.
Првата пловидба се очекува во 2022 година , а бродот ќе тргне по истата тура како претходникот. Копијата на Титаник ќе тргне од Дубаи. Потоа ќе замине од Саутемтон во Британија за да земе потници за потоа да отплови кон Њујорк.
Сопственикот на овој брод е австралискиот милијардер Клајв Палмер , а на идејата да го изгради Титаник II дошол во 2013 година .
Сигурен е дека овој брод ќе стане туристичка атракција што ќе плови по целиот свет.
Оригиналниот брод Титаник потона на својата прва пловидба на 12 април 1912 година во водите на северен Атлантик. За да не се случи нешто слично и да удри и овој брод во леденик, копијата има посебно засилен труп.