Нашиот легендарен гитарист Влатко Стефановски, ќе биде специјален гостин концертот на светската ѕвезда Стинг кој по втор пат ќе дојде во Скопје и Македонија на 2 јуни ова лето. Информацијата ја потврдија од Авалон продукција и истата ви ја пренесуваме во целост:

Драги пријатели,можеби во нашава држава многу работи се релативни, но една е кристално јасна. Само еден човек може да му биде специјален гостин на Sting, на евентот Skopje Calling на Градски стадион, а тоа е нашата легенда Влатко Стефановски. Ова наше мислење го поддржа и менаџментот на Sting. Па така, задоволство ни е да ви најавиме дека на 02-ри јуни, со почеток во 20 часот, на огромната сцена ќе биде Влатко Стефановски со своето трио, стои во официјалното соопштение на „Авалон продукција“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here