Коронавирусот во моментов е сосема ослабен и ќе исчезне. Топлото време и УВ-зрачењето ќе го неутрализира, бидејќи генерално сите вируси се термолабилни и не се толку активни кога има сонце. Ова го вели д-р Ана Глигиќ меѓународно признатиот вирусолог, која сега е во пензија но не мирува и ги следи сите светски и регионални податоци за тоа како вирусот се појавил и сe шири речиси на сите континенти во светот. Таа како искусен вирусолог со богата кариера и искуство го изолираше опасниот марбург вирус и беше шеф на лабораторија за време на големата епидемијата на Вариолавера што се случи 1972 година во СФРЈ.

Д-р Глигиќ предизвика големо внимание во јасноста со нејзиното интервју за српската телевизија N1 кога нагласи дека нема да има втор бран од вирусот и ако тој ќе биде присутен ќе се појавува многу поретко по некој изолиран случај.

– Коронавирусот има ослабено дејство, веќе може да се врати животот во нормала да се пие кафе по рестораните, да се патува, да се оди на одмор но секако да се придржуваат луѓето на препораките на лекарите. Вирусот веќе ја нема таа моќ, но ќе има уште џебови, кога ќе наиде на компромитирана личност, но епидемијата за неколку дена ќе заврши – вели д-р Глигиќ.

Што се однесува за вакцината таа смета дека за тоа треба да се почека, бидејќи тешко е да се направи во моментов оти има повеќе поттипа од вирусот кои иркулираат. Дефинитивно коронавирусот не е ист во сите земји каде што циркулира. Така, на пример, вели таа европскиот тип на вирусот што е присутен во Шпанија и Италија го има и на дел од територијата на САД, додека на западниот брег од САД циркулира азискиот вирус. Вирусологот тврди дека за класична вакцина треба најмалку една година до 15 месеци .

-Но за да има добри резултати од вакцината експертите од сите земји треба да се договорат кои од тие видови најмногу се појавуваат или се најопасни во циркулација – дополнува д-р Глигиќ.

Глигиќ смета дека можно е секоја земја да си изолира свој поттип, свој сој и тоа го очекува да го направи Институтот за вирусологија, вакцини и серуми Торлак за Србија, како што тоа го направиле и Хрватите во својот Институт. Според неа тоа е логично бидејќи во секоја земја вирусот поинаку реагираше и се поизвесно е дека има повеќе врсти на коронавирусот.

Во однос на тоа зошто вирусот кај некои покажува тешка клиничка слика, а кај некои поминува како лесна настинка тоа има објаснување и за тоа. Според неа кога вирусот влегува во човекот секој реагира различно, некој има тешка слика, некој нема ништо. Но доколку вирусот почнува да се размножува во клетките на човекот тогаш можно е пациентот да добие лоша клиничка слика

-Се доаѓа до заклучок дека дошло до диференцијација на вирусот, односно со пасажирањето низ човекот вирусот се менува во еден или друг правец и завршува како во ќор-сокак. Човечкиот организам не е подобен за развој на вирусот во него тој слабее. Затоа и се вели колку повеќе луѓе заболат толку побрзо ќе заврши епидемијата – дополнува таа.

Според неа веќе има податоци од кинеските научници кои се публикнувани, кои го посочија периодот на инкубација. Тие направиле споредба со инкубацијата помеѓу САРС, МЕРС и овој вирус, испадна дека инкубација е од 1 до 25 дена, но во просек е 14 дена.

– Треба внимателно да се видат последиците од така долга инкубација, затоа доаѓа до експлозија како што се случи во Бухан и така се губи контролата над вирусот.Нултиот пациент го имал во себе вирусот, но не знае долго се шетал, имал многу контакти и токму затоа епидемијата букнува – појаснува во своето интервју оваа позната и искусна лекарка која цел живот му го посветила на науката вирусологија.

Српкиот вирусолог ги објаснува и случаите кога некои кои заболеле од ковид-19 , иако немале ризичен контакт, сепак се разболеле од вирусот. Како луѓе кои не патувале или пак не излегувале од дома станаа жртви на вирусот. Според неа, како и секој вирус и овој може да се задржува во воздухот некое време, но многу повеќе на предметите и на тлото.

– Во старт не ми беше јасно како толкав број се заразени, зошто по илјадници луѓе на еден ден? Тогаш сфатив. Вирусот се одржува во надворешната средина, а Кинезите потврдија дека со часови може да остане на предметите околу заразените-вели вирусологот и појаснува на пример ако се искашлате и се фатите за квака, вирусот може да се оддржи многу долго време на неа, а потоа некое лице без да знае да го внесете во организмот и да се зарази.

Според неа сè ѝ станало јасно кога руските научници побарале од градските власти да почнат со дезинфекција на улиците, зградите и други објекти.

-Вирусот може да се суши со тоа да се конзервира, а ние какa прашина која се подига при движење, може да го внесеме и да го активираме во нашиот организам. Токму ова за мене беше објаснување зашто имаме по 1.000 заболени на ден – посочи д-р Глигиќ во интервјуто.

Во воздухот капките бараат ќелија и преку устата, носот или очите вирусот влегува во организмот, а во влага се активира.

– Според моето искуство, сите вируси бргу пропаѓаат, а им пречи и светлото и сончевите зраци – вели таа и дополнува ако се елиминираат тие жаришта ќе се спасиме од епидемијата. Моето искуство зборува дека за некој вирус да се врати како епидемија потребни неколку години,но многу често вирусот е мутиран – завршува Глигиќ.

Таа им препорачува на граѓаните да бидат внимателни и во иднина и кога ќе се појави ново жариште, веднаш да се реагира да не се дозволи да се шири. Според неа можеби нема да има нов пик, оти нејзиното искуство покажува дека треба да поминат години за да се обнови епидемијата.

-Вирусот во природата демне и не е докажан ниту еден случај од животно да се пренесе на луѓе освен во Вухан и тоа во иднина треба детално да се испита – препорачува Глигиќ.

Според неа секогаш има ризик да се добие вирусот, треба да се внимава, епидемијата не е завршена само се олабавени мерките.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here