Добро е што го одложивме пописот, бидејќи повторно ќе требаше да се одложува поради пандемијата со коронавирусот, рече директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, во денешното гостување во ТВ21.

Домаќинствата ќе имаа проблем за да ги примат попишувачите, бидејќи ние не би можеле да гарантираме здравствена безбедност. Добро е што го одложивме терминот, бидејќи сега ќе имавме потрошено огромни пари за организација, истакна Симовски.

Тој исто така додаде дека проблем претставува и тоа што немаме Закон за попис.

Собранието не работи, а ние го чекаме новиот парламент да го донесе законот, рече Симовски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here