Од ДИК соопштија дека почетокот на седницата, на која се очекува да се соопштат резултатите од вчерашните избори, се пролонгира поради „финални контроли на податоците“
Седницата на Државната изборна комисија, што требаше да почне во 18.15 часот е одложена повеќе од еден час, односно би требало да почне во 19.30 часот вечерва.

Од ДИК соопштија дека почетокот на седницата, на која се очекува да се соопштат резултатите од вчерашните избори, се пролонгира поради „финални контроли на податоците“.

Според симулација на ДИК која беше објавена во раните утрински часови, распоредот на силите во новиот парламент би бил: СДСМ – 46 пратеници; ВМРО-ДПМНЕ – 44; ДУИ – 15; Алијанса за Албанците и Алтернатива – 12; Левица – 2 и ДПА – 1 пратеник. Ваквите симулации не се совпаднаа со проекциите со кои во текот на изборната ноќ излегоа и СДСМ и ДУИ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here