Почна изградбата на новата катна гаража на три нивоа, која ќе обезбеди 50 нови паркинг позиции во Штип. Проект кој е вреден над 20 милиони денари ќе донесе решение за недостигот од паркинг простори во најфреквентниот дел од градот.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, на денешната прес-конференција информираше дека проектот е вреден нешто повеќе од 20 милиони денари.

-Се наоѓаме на градилиштето, каде што се изведуваат активности за изградба на катна гаража во централното градско подрачје. Станува збор за нова паркинг површина на три нивоа. Катна гаража веднаш до познатото место за штипјани зграда „Промаја“. Имајќи во предвид дека овде е збиено место со тесна конфигурација секогаш во минатото најголем проблем е било паркирањето на возилата, кои што се потреба на жителите, но и на граѓаните кои што ги користат угостителските, деловните објкети наоколу, станбение згради, одлучивме да влеземе во една ваква инвестиција, рече Јорданов.

Тој додаде дека со реализација на овој проект, значително ќе се подобри сосотојбата со паркирањето на овој дел од градот.

Градежните работи се веќе во полн ек, а од општината најавуваат дека катната гаража ќе биде готовa до крајот на летото

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here