Трамп вели дека СЗО добиле милионски суми на пари и сеуште не можат да најдат решение за вирус кој се превенира со сапун и се лечи во домашни услови и болници.

Сепак, Европската комисија денес ја поддржа Светската здравствена организација (СЗО) по заканите на американскиот претседател Доналд Трамп да ги прекине финансиите за агенцијата, која повеќе пати ја критикуваше поради нејзиното водење на кризата предизвикана со новиот коронавирус.

„Сега е време да докажеме солидарност, а не закани и да ја поткопуваме мултилатералната соработка“, изјави портпаролката на Европската комисија Вирџинија Бату, на прашањето на прес-конференцијата за последните изјави на Трамп за СЗО.

„ЕУ ја поддржува меѓународната соработка за време на кризата“, рече таа, нагласувајќи дека мултилатералните напори се „единствената одржлива опција за победа во таа битка“.

Трамп му замерува на СЗО за игнорирање на извештаите за појавата на вирусот кон крајот на декември и дека бил премногу попустлив кон кинеските власти при нивното водење на пандемијата на ковид-19.

Американскиот претседател уште кон средината на април го прекина американското финансирање на СЗО и во понеделникот се закани дека ќе го замрзне на неодредено време, доколку агенцијата на ОН не започне значителни подобрувања во рок од 30 дена.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here