Три децении прославија вчера навивачите на групата „Шверцери“ со спектакуларен огномет на Скопското кале и со распослување на огромно знаме на ѕидините на тврдината.
Навивачите на прволигашот Шкупи од Чаир, популарните Шверцери, најавија повторување на пиротехничкото шоу и по денешниот дерби-дуел од Првата лига против Вардар, што се игра од 16 часот.