Во просек по околу 10.000 евра добија 40 невладини организации како дел од проектот на Владата за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со ковид-19 кризата.
Во предлозите за тоа кој како ќе се справува со ковид-19 кризата главно пишува дека парите ќе се потрошат за „едукација на населението за подигање на свеста за справување со пандемијата предизвикана со корона вирусот“, за „програма за психосоцијална помош и поддршка на жртви на трговија со луѓе и сексуално насилство“, за „подигнување на свеста за опасноста од ковид-19 преку квалитетно новинарство“, „биди одговорен за себе и за нашата животна средина и во услови на пандемија“, „превенција и заштита од ковид-19 во тетовскиот регион“, „информирај се, едуцирај се, солидаризирај се – стоп ковид-19“, „со грижа до намалување на глад, стрест и образовни потреби за време на ковид-19“, за „заедно за безбедно лето – информации и насоки за предизвиците и безбедносните протоколи за заштита од ковид-19“, за „психо-социјална помош на трансродовите лица за време на ковид-19“, „фронт против ковид-19 во рурален Сарај“, за „бесплатна правна и психолошка помош за минимизирање на последиците од ковид-19 кај граѓаните“…