Хероината од документарецот „Медена земја“, Атиџе Муратова дојде во Скопје, влезе во студио и ја сними познатата нејзина песна „Чекор по чекор“, која се пееше и во Холивуд. Аранжман за песната направија Љупчо Соколовски и Илчо Јованов, а снимена е во студиото „City sound“.

Атиџе е пресреќна, соништата и е остваруваат.

-Прв пат сум во студио ама сега веќе се навикнав. Снимав дел по дел, и не грешев. Имам уште две песни. Многу бев возбудена и среќна. Требаше поодамна да ги снимаме ама поради короната се забави. Ќе имам настап на денот на пчеларите, а може да снимам и реклама за мед. Многу се радувам. Ете, никогаш не се знае што ти носи животот. Од сиромаштво, па сите патишта ми се отворија. Најважно е човек да биде добар, да нема лоша мисла, вели возбудено Атиџе.

Атиџе со Љупчо Соколовски од „Сити саунд“

Оваа песна е направена и во дует верзија, Атиџе ја испеа со Васил Чамов. Александар Санев од Штип и помогна на Атиџе за да ја сними песната.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here