Бранцин, поголемиот број од Вас кои го читате овој текст прв пат во животот го слушате овој збор. Не се вознемирувајте, не знаеја ниту 96% од нашите испитаници на телефонска анкета лоја ја спроведовме врз репрезентативен примерок од 100 лица.

Бранцин е риба, која што може да се најде во менито на неколку елитни ресторани во Скопје и Охрид, но од пред дваесетина дена и на минето на владата, Спасовски, Шекеринска и останатите ќе имаат можност да го вкусат овој специјалитет, за кој нацијата нема ни слушнато.

Доколку отвориме на електронските менија на елитните ресторани, кои се единствени кои ја служат оваа скапа риба ќе видиме дека еден килограм бранцин е 4.290 денари, т.е. 70 евра. Со минимална македонска плата од 14.500 денари можете да купите само три вакви оброка.

Иста е ситуацијата и со лигњите, лососот, октоподот, кои се продаваат по 1000 денари од порција.

Поголемиот број на граѓани никогаш и не дошле во допир со ваква храна, но затоа владата надоместува, се јаде и тоа со народни пари.

Нејасна е потребата на владата во ек на пандемија, додека лекарите бројат жртви и немаат заштитна опрема и дезинфициенси да се купуваат скапи морски јадења. Очигледно може да се откажат од сè, ама од луксузот не.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here