Петре Шилегов, градоначалникот на Град Скопје на својот фејсбук статус објави навредлив и контроверзен статус. Тој потенцира дека оние граѓани кои се десно ориентирани се себични простаци додека оние кои се левичари биле хумани и биле луѓе.

„Јас сум левичар. До коска. Затоа што ги сакам луѓето.

Не знам дали сте приметиле, драги мои, дека во секоја криза, се бараме едни со други. За да си помогнеме.

Оние другите (десните) секогаш кога е криза, очајно се обидуваат да фатат приклучок. Ама неспретно. Бидејќи не се искрени. Не знаат како … Бидејќи не ги сакаат луѓето. Се сакаат само себе си. И својот интерес.

За се’ друго лажат. Затоа се неспретни. Во лажната “љубов”, во “душегрижништво” …

Со десна се крстат, а со лева крадат.

Затоа се “изгубени” секогаш кога треба да покажат хуманост …

Хуманоста секогаш победува. Затоа што љубовта секогаш победува. А љубовта е давање и земање. Не само земање.

Ќе победи хуманоста. Над лицемерието. Ќе победиме ние. Луѓето. Над нив, себичните простаци…

Имајте убава, мирна ноќ, вие достојни луѓе. Ќе ги победиме. Секогаш.

Затоа што сме искрени. Во човечноста …, пишува Шилегов на фејсбук.

Неговиот статус наиде на жестоки реакции пред се на социјалните мрежи, но за сега осуда од релевантни институции нема.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here