Селекторот на португалската фудбалска репрезентација, Фернандо Сантош денес го објави списокот на играчи за почетокот на квалификациите за ЕУРО 2020 година.

Најголемата португалска ѕвезда Кристиано Роналдо се враќа во репрезентацијата за прв пат после Мундијалот кој се играше во јуни минатата години и ќе го предводи тимот во мечевите против Украина и Србија во квалификациите за ЕУРО 2020 година.

Суперѕвездата, случајно или намерно, ги пропушти сите натпревари од Лигата на нации, но сега се врати да му помогне на тимот во квалификациите.

Меѓутоа, според пишувањето на италијанските медиуми, челниците на неговиот матичен клуб Јувентус се разочарани со одлуката на Роналдо да се врати во репрезентацијата.

Причината е тоа што Роналдо веќе има 35 години, тренира по специјална програма, а Јувентус го очекуваат важни дуели во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

Докторите на италијанскиот шампион сметаат дека Роналдо со оваа одлука може да ја загрози својата форма, односно ќе ја наруши програмата според која треба да биде во врвна форма токму во последните три месеци од годината.

Во секој случај, Роналдо ќе ја предводи Португалија во квалификациите најпво на 22-ри март против Украина во Лисабон, а три дена подоцна на истиот стадион и против Србија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here