За Ѓерг Прекоцај, наводниот играорец од Косово, нема ништо спорно во тоа што тој и неговите пријатели од групата „Арбреши” го поставиле албанското знаме на Самоиловата тврдина. Охрид е албански град, изјави Прекоцај откако беше казнет и протеран од Македонија со забрана за влез во нареднте 5 години.

Во разговорот за албанската новинска агенција ИНА (Ilirya News Agency), Прекоцај од Ѓаковица вели дека дошле во Охрид и Струга да ја прослават 552 годишнината од некоја битка на Скендербег во одбрана на албанските територии, а ова е „наша земја и Охрид е албански град“.

„Господ ни ги дал овие територии, тие ќе бидат наши и никогаш нема да ги оставиме. Во времето на Скендербег на Самоиловата тврдина се веело албанското знаме. Ова е наша земја и нема да застанеме… Ова е арберска земја, земја на Ѓерѓ Кастиоти…“, изјавил Прекоцај за ИНА.

Вчера на овој инцидент реагираше и претседателот на македонското Собрание Талат Џафери. Тој вели дека косовскиот играорец Ѓерг Прекоцај, кој вчера развеа огромно албанско знаме на охридската тврдина, добил престрога казна.

Тој за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека поставувачите на албанското знаме во Охрид се културно уметнички работници и поради тоа казната требало да биде поблага.

Реагираше и Алијансата за Албанците кои соопштија дека се загрижени во врска со реакцијата на Секторот за внатрешни работи-Охрид, бидејќи според нивни информации, двајца членови на фолклорна група од Косово, биле притворени од страна на полицијата поради поставувањето на албанското знаме на Самоиловата тврдина во Охрид.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here