Штип се претвори во Дивиот Запад, па време е да се стави точка за крај на маките и грижите кај граѓаните.
Граѓанско демократската унија денес на прес конференција зборуваше за зачестените инциденти на Радански Пат во Штип, апелирајќи за преземање мерки за нормализирање на состојбата , што би било во интерес и на македонското и на ромското население кое живее таму:
„Почитувани, во последно време сме бомбардирани со информации од страна на медумите и загрижени граѓани, за зачестени инциденти на Радански Пат. Граѓанско Демократска Унија се воздржавше од коментари во моменетите кога беа најактуелни инцидентите, не сакајќи на никој начин да придонесеме за нивна ескалација, но состојбата буднои ја следиме и сме должни да ги поставиме до надлежните институции следниве прашања:
Дали е вистина дека е во пораст криминалот на Радански пат?Колку е загрижувачка состојбата? Дали во позадина стои метода за држење на контрола на населението за да не мисли на реалните проблеми, како што се немаштијата, немањето просперитет и да се одвлече вниманието од погрешната политика? Дали институциите имаат проект план за решавање на проблемот?!
Само да напоменеме дека со овие појави се создава негативна слика за Ромите, кои за волја на вистината, најчесто како жители на Радански пат се мета на криминалците исто како и нивните соседи Македонците. Апелираме до институциите за соодветни мерки, бидејќи криминалот е како болест, тој не знае за нации и не прашува кој на кој Бог се моли“, истакна Борче Пачемски, претседател на ГДУ – Штип.