Наместо отворање на градинки и училишта, Штип ќе има вртешка од проект – рингишпил!
Веројатно заради минимизирање на стресот и паниката од корона вирусот, штипјани ќе добијат катче за забава наменето за стари и млади.
Проектот игра и смеа гарантира туристички развој на градот, помош добредојдена за туристичките агенции, хотелиерите и угостителските објекти кои се најпогодени од пандемијата на КОВИД – 19.
Оваа идеја ќе ја спаси и науката кај младите, наместо училишни клупи и книги, сега е време за улични збирки за добивање на безбедна и перспективна уличарска школа.
Драги жителите од нас. 8 ноември во Штип, време е да се насмевнете и да скокате од среќа, вие сте првото населено место во Македонија кое добива имплементација на вселенско летало од ИНТЕГРА, а преточено во реалност од СДС!